Раководството на шпанскиот кошаркарски клуб Барселона официјално потпиша со Кори Хигинс, кој пристигнува од редовите на европскиот шампион ЦСКА Москва.

Хигинс потпиша тригодишен договор со Каталонците. Овој кошаркар минатата сезона одигра одлично каде во просек постигнуваше по 12,8 поени на натпревар.

Барселона по потписот на тренерот Светислав Пешиќ,добива одлично засилување во пресрет на новата сезона во Евролигата,затоа што Хигинс важи за еден од најдобрите шутери за три поени во најелитното друштво.