Разврската во кошаркарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција ќе колуминира попладнево со финалниот натпревар меѓу Баскет КАМ и Бадел закажан за 17 часот во СРЦ Кале со пренос на МТВ 3.

Кошаркарките на Баскет КАМ славеа во второто полуфиналет над Вардар со 95:59 предводени од Митрашиновиќ која одигра соло меч.

Во второто полуфинале Бадел беше подобар од Крива Паланка со 77:56.

Овие две екипи за прв пат во историјата ќе се борат во финалето, за Бадел ова е седмо учество во мечот за трофејот, за Баскет КАМ прво.