Мајами Хит синоќа на крилјата на Џими Батлер стигна до нов триумф славејќи во дербито на Истокот против Филаделфија со убедливи 137 -106.

Бекот на Хит го одигра најдобриот меч сезонава во кој постигна 38 поени, а притоа запиша и 7 скокови и 2 асистенции и сето тоа за само три четвртини.

По мечот тој изјави дека на момент се почуствувал како Словенската сензација Лука Дончиќ.