Екипата на ТФТ доживеа непријатен пораз на отварањето на вториот дел од Балканската лига. Во првиот меч од новоформираната група „Ф“, загубија на домашен терен од бугарскиот Берое со 83-87.

Со голем број на осцилации, успони и падови, го одиграа првиот меч по паузата кошаркарите на ТФТ.

Очекувано, ако се земе в предвид дека „црно-белите“ одамна не се во еден натпреварувачки ритам, и прекинот кој го предизвика учеството на нашиот сениорски национален тим во квалификациите за ЕП 2022.

Не може поинаку да се протолкува фактот дека по добро одработената прва четвртина која ја решија во своја корист со (28:23), домашните кошаркари имаа голем пад во играта во вториот. Му дозволија на противникот од Стара Загора да постигне дури 33. поени, и што е поважно, не само да направи резултатски пресврт. Туку на полувремето да има и високо водство од (56:43).

Премногу меко, особено во одбраната одиграа домашните кошаркари кои вечерва имаа помош и од уште еден нов играч Брендан Бејли, но не и од капитенот Едис Нури кој се пожали на повреда, па го прескокна  настапот на вечерашниот меч во СРЦ „Кале“.

Но по големиот одмор, екипата од Тафталиџе успеа да го пронaјде својот ритам, и во десет минути да ја стигне двоцифрената негатива. Во последниот период домаќините влегоа со негатива од само еден поен (66:67).

Последниот дел беше и најизедначен. Двете екипи не остварија некое поголемо водство. При резултат (79:81), ТФТ имаше неколку прилики да израмни. Не успеаа во тоа домашните кошаркари. Ги казни Бреди Рос, за (79:83), резултат со кој се влезе во последната минута од регуларниот дел.

На 31. секунда пред крајот, репрезентативецот Митревски намали на (81:83). Но и Гавин го направи истото на спротивната страна, за водсто на Берое (85:81). А по неуспешниот обид на Тај Херис, за три поени, Берое ја потврди победата преку својот најефикасен кошаркар.

Наредниот меч од ова натпреварување кошаркарите на ТФТ го играат на 10.март. На истото место, го пречекуваат израелскиот Хапоел Гилбоа Галил.

На овој Андерсон реализираше 19.поени, Херис 18, а двоцифрен број на поени уфрли само уште Хортон – 15.