По две одложувања поради позитивни кошаркари на коронавирус, рааководството на БИБЛ лигата утврди нов термин за одигрување на „македонското дерби“  помеѓу ТФТ и Куманово.

Менаџментот на БИБЛ лигата го одреди 26. ноември како „слободен термин“ во кој екипите на ТФТ и на Куманово ќе го играат својот втор меѓусебен натпревар во регионалното натпреваруување.

БИБЛ одлучи судиите и делегатот на оваа средба да бидат домашни. Односно средбата која ќе се игра во четврток навечер, од 19.30 часот, да ја судат: Александар Милојевиќ, Алија Феревски и Томи Панов, а во улога на делегат да биде Марјан Тодоровски.