ТФТ ја запиша третата победа  во БИБЛ лигата, славеа победа портив Теодо со 104:86, екипата од Тафталиџе дојде до триумф со  стил, со висок процент на реализација во шутот од далечина.

Кошаркарите на ТФТ имаа успешен почеток на 2021 година. Во натпревар кој мораше да го добијат, ако е можно со што повисок кош-количник, „црно-белите“ успеаја во тој обид.

Тај Харис со 24 поени, и Ланклан Андерсон со 18 поени беа најефикасните поединци кај ТФТ,  Булатовиќ и Ѓуровиќ со по 16 поени се истакнаа во тимот на Теодо.

Ова беше дури деветтиот меч за ТФТ во Балканската лига. Им останува уште еден во првиот круг од натпреварите, против екипата на Ибар, имаат теоретски шанси за прогрес во следната рунда на Балканската лига.