Кошаркарите на ТФТ се простија од својот деби настап во Лигата на Балканот со пораз од екипата на Хапоел Гилбоа, и тоа убедлив, на домашен терен, против топ фаворитот за балканската титула со 71-105.

Против Хапоел Гилбоа Галил беа конкурентни само една четвртина, онаа првата во која ја држеа барем онаа, резултска неизвесност. Но откако израелскиот состав дојде до двоцифрена предност, во вториот дел од втората четвртина, стана јасно дека Хапоел Гилбоа Галил е класа над нашиот претставник, кој ги заврши натпреварите од втората фаза на БИБЛ со максимално негативен скор. Четири порази во четири натпревари во групата „Ф“.

По израмнетата прва четвртина во која гостите беа подобри само за еден поен (23:22), работите се сменија во втората „половина“ од втората. Хапоел Гилбоа Галил за прв пат стигна до двоцифрена предност. Момент евидентиран на 2:43 минути пред истекот на првото полувреме (43:32).

Слично беше и во преостанатиот дел од играта во кој ТФТ одертно хендикепиран, со отсуството на шефот на стрчниот штаб, Боро Смилковски, намали на (37:43). Но одговорија со пет поени и го затворија полувремето со (48:37).

Во ист стил топ фаворитот за балканската титула продолжи и по паузата од 15.минути. Дури покачија за еден степен повисоко, особено тоа е однесува во фазата на нападот. Како одминуваа минутите, така растеше разликата во полза на гостите од Израел.

Пред крајот на третата четвртина, Хапоел Гилбоа Галил имаше плус од 23.поени (78:55). Но не се задоволија со тоа, па до истекот на тој период од играта во СРЦ „Кале“, покачија на уште повисоки, и секако, недостижни, (83:57).

На простувањето од ова меѓународно натпреварување во оваа сезона, кај ТФТ, Тај Херис реализираше,14.поени, Амир Смит дојде до, би се рекло, стандарден дабл-дабл скор, сега изразен со 12.поени и 11.скока, а двоцифрен број на поени – 10, имаше и Брендан Бејли.