Џефри Дејвид, поранешниот благајник во НБА тимовите Сакраменто Кингс и Мајами Хит е осуден на 7 години затворска казна откако пред судот во Калифорнија е докажано дека во 2015 година „симнал“ од сметката на Кингс 13,4 милиони долари.

Во клубот работел за месечна плата од 30.000 долари и годишен бонус, но сметал дека тоа не е доволно. Дејвид ги искористил преговорите за спонзорства со две американски компании за противправно да заработи префрлувајќи дел од парите на сметка на фантомска компанија.

Истрагата била отворена откако тој си заминал од клубот, а неговиот асистент кој останал во Кингс забележал дека пристигнуваат известување за уплати на сметка на фантомска фирма. Против него било покренато обвинение за измама, кражба на идентитет и злоупотреба на положбата за прибавување материјална корист.

Со признавање на вината си ја намалил законски пропишаната казна од 22 години на седум години затвор.