Американскиот кошаркарски тренер, Дејвид Блат истакна дека одлуката да замине од Олимпијакос ја донел во договор со управата на клубот.

Блат и Олимпијакос договорија спогодбен прекин на соработката по само еден евролигашки натпревар. Се претпоставува дека причината за прекинот на соработката е неговата објава дека боледува од милтиплекс-склероза.

„Не сакам да ја користам мојата болест како изговор, но во разговор со менаџментот и морав да бидам искрен во врска со некои ограничувања со кои се соочувам. Покрај тоа имаше проблеми и со тимот, не полнавме добро. Седнавме и одлучивме дека е подобро за сите да се разделиме. По 12 години играње и 27 во тренерската рабора време е за нова фаза во мојот живот. Некои врати се затвораат, други се отвораат.“ – вели Блат.

На прашањето што би работел во иднина, тој кусо одговорил дека отсекогаш сонувал да биде амбасадор.