Дејвид Блат го раскина договорот со Олимпијакос со меѓусебна согласност на страните. Се претпоставува дека причината за отказот на Американецот е неговата здравствена состојба. Именто во август оваа година му е откриена мултиплекс склероза. Минатата сезона грчкиот клуб не влезе во плеј-офот во Евролигата.

„После долг разговор меѓу мене и сопствениците, решивме дека е најдобро за клубот да заминам. Моето време во Грција со Олимпијакос беше важно на многу начини. Благодарен сум на луѓето што ги запознав овде. Немам ништо друго освен почит кон раководството, играчите и персоналот. Им посакувам се најдобро“, изјави Блат.

Блат во минатото ги водеше екипите на Макаби Тел Авив, Кливленд Кавалирс, а беше селектор и на Руската селекција.