Трејд периодот во најсилната кошаркарска лига трае до 6. февруари, а српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ на крајот може да биде вклучен во еден од најинтересните трејдови. За Богдановиќ се заинтересирани Шарлот Хорнетс и Лос Анџелес Лејкерс.

„Би сакал да останам. Овде имам куќа, мојата сестра тука е на колеџ. Сепак, научив дека тука секој нареден ден можеш да бидеш  трејдуван. Психички мораш да бидеш подготвен за тоа“ – ијзави Богдановиќ.

Богдановиќ оваа сезона бележи просек од 14,6 поени, 3,3 асистенции и 3,1 скок.