Сакраменто веќе од сега му нуди нов договор на Богдан Богдановиќ и 51,4 милиони долари за четири години, како би го задржале најефикасниот кошаркар на СП во Кина. Сепак, Србинот не брза и веројатно ќе почека до следното лето кога ќе се обиде да извлече уште некој додатен милион од касата на Кингс.

„Би сакал да останам, сите знаат колку го сакам Сакраменто. Имаме одлична група на момци, во моментов сум среќен, Бев среќен и изминативе две години, но не сакам да избрзувам. Можно е да потпишам нов договор веќе утре, или можеби за еден месец. Никој не знае, ќе видиме што ќе се случи“-изјави Србинот.

Богдан Богдановиќ следното лето е слободен агент во кое ќе одлучи дали ќе ја продолжи соработката со Кингс или ќе бара нов клуб и предизвик во својата богата кариеера.