Српскиот кошаркарски интернационалец, Богдан Богдановиќ во новата сезона во НБА лигата ќе игра за Атланта.

Богдановиќ со Атланта потпиша четиригодишен договор во вредност од 72 милиони долари. Тој вели дека моменталниот претседател на КФСМ бил клучен во неговата одлука за избор на нов клуб.

„Имам добар пријател кој порано настапуваше за Атланта, тоа е Перо Антиќ. Заедно игравме во Фенербахче, беше многу возбуден кога му кажав дека можам да играм за „Хоукс“, ми помогна во носењето на одлуката. Знам дека беше тежен кога си замина од Атланта и пристигна во Турција.“– изјави Богдановиќ.