Капитенот на Македонија, Бојан Крстевски по поразот од Украина уверува дека не заслужиле да загубат со 78:61, иако се свесни дека за победа потребно е да се игра на највисоко ниво 40 минути.

„Сакам да честитам на Украина за победата. Одигравме доста добро прво полувреме. Но не продолживме така во ист ритам. Немавме концентрација, посебно во неколку минути од продолжението. Така беше и со Шпанија. Мораше да бидеме во текот на сите 40 минути на ниво ако сакавме да победиме. Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика. Но, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри и ќе растеме како тим“– кажа Крстевски по поразот (78:61) од Украина во вечерашниот дуел во Киев.

Македонија во следното коло од квалификациите за СП ќе гостува кај Грузија.