МЗТ Скопје Аеродром договири двегодишен ангажман со Бојан Крстевски. Македонскиот репрезентативец висок 206 сантимети е најновото летно засилување за тимот предводен од Ѓорѓи Кочов.

„Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „пет“, од кого се очекува да биде еден од факторите за добра игра на нашата екипа и тоа под двата коша. Крстевски веќе има две шампионски титули за себе (2009 и 2018 година), што значи дека може и тоа како да биде од помош во обидот да го одбраниме пехарот од Првата лига освоен минатата сезона.“ – потврдија од МЗТ Скопје Аеродром.

Крстевски кариерата ја започна во КК Работнички по што следуваа ангажманите во Центар, Вардар, Торус, Кожув и во грчка Кавала.

Вчера во МЗТ Скопје пристигна и Кристијан Николовски а нови договори со екипата од Аеродром неодмана потпишаа Магдевски и Маслнико.