Бојан Крстевски смета дека дуелот со Шпанија е можност за докажување, секако дека „фуријата“ е фаворит во петок во Скопје, но Македонија нема да се предаде.

„Времето за подготовки беше кратко, не сме комплетни, но тоа е зад нас, сега се фокусираме на она кое го имаме на располагавме, ние ќе излеземе на терен максимално мотивирани, треба да ги исполниме задачите на селекторот, секоја чест за Шпанија, но ние нема да се предаваме.“, изјави Крстевски.

Дуелот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок од 19:30 часот, прв меч во мундијалските квалификации.