Денес во рамки на ФИБА Европа се оддржа 13. состанок на Бордот, на кој беа донесени важни и клучни одлуки.

Меѓу одлуките, беше и онаа наместо стандардите евро-шампионати, вкупно 16. во обете конкуренции, да се оддиграат неколку помали турнири т.н. „челенџери“.

Исто така, беа донесени уште неколку одлуки, меѓу кои речиси најважната за младинскиот сегмент во кој ФИБА Европа одобри алтернативен формат за европските првенства.

Од останатите одлуки се издвоија:

-Настаните ќе се играат на база на „волонтеризам“,а промоциите/испаѓањата ќе бидат „замрзнати“ во сите три дивизии „А“, „Б“ и „Ц“.

-Најдоброрангираните 18 тима (актуелните 16 од Дивизијата „А“, плус два дополнителни тима според ранкингот од 2019) ќе играат три турнири со по шест селекции-партиципиенти.

-Останатите регистрирани тимови, рангирани од 19.позиција па надолу, ќе играат на турнир на кои ќе има по шест селекции-учесници.

-Еден од турнирите со шест тима, ќе биде креиран со најслабо рангираните тимови кои се дел од Дивизијата „Ц“, односно „малите земји“.

-Сите натпревари на овие турнири ќе се играат според „Раунд-Робин“ формат

Бордот исто така го одобри предлогот, на домаќините на младинските Европските првенствa во 2021 година, што нема да се одржат, да им се овозможи прв пристап за организирање на соодветните настани во 2022 година. Слично на тоа, Бордот одлучи раните назнаки за турнирите во 2022 година да бидат одложени за 2023 година.