Кошаркарот на Бостон, Ал Хорфорд, реши да стане слободен агент, откако не постигна договор за продолжување на соработката со тимот од „ТД Гарден“.

Според информациите од САД причина е ниската понуда на Дени Ејнџ, генералниот менаџер на Селтикс.

Исто така и Кајри Ирвинг сака да си замине и ќе побара нов клуб,а според последните информации Ирвинг би бил новата аквизиција на ЛА Лејкерс за наредната сезона.