Актуелниот шампион во АБА-лигата, српската Црвена звезда, полека, го комплетира тимот за следната сезона во која ќе настапи во кошаркарската Евролигата, во што и тоа како ќе им помогне најновото засилување, Американецот Дерик Браун.

Станува збор за поранешен кошаркар на Шарлот Бобкетс и Њујорк никс, кој двапати беше дел од најдобрата петорка во Еврокупот како играч на руски Локомотив Кубан. Зад себе има и три сезони во дресот на Анадолу Ефес.

Претходно управата на српскиот шампион ги обновија договорите со Били Берон, Бранко Лазиќ, Филип Човиќ, Борис Симаниќ и Марко Павичевиќ.