НБА тимот, Бруклин Нетс дефинитивно ќе има нов сопственик откако милијардерот од Тајван, Џозеф Саи одлучи да плати рекордни 2,35 милијарди долари и со ова да ја добие целосната контрола над клубот која досега ја имаше Русинот, Михаил Прохоров.

Ова е само потврда на највата од пред неколку дена дека ќе има нов рекорд во однос на купувањето на акции на екипа од најсилната кошаркарска лига на светот.

Ова го надминува износот на Тепер кој за управувањето на НФЛ тимот, Каролина Пантер плати 2,2 милијарди долари.

Според Форбс, новиот сопственик на Бруклин располага со богатство од 9,3 милијарди долари а наскоро се очекува да инвестира и во фудбалски клуб од САД.