Еден од најдобрите  кошаркари на  Бруклин Нетс  Џејмс Харден  се повреди во периодот кој следи и нема да настапува за тимот на Бруклин.

Нетс ќе мора да играат во следните десет дена без него, бидејќи Харден се здоби со повреда а тоа само дополнително ке го намали ростерот кај Нетси кои веќе подолго време се соочуваат со отсуството на Кевин Дурант

Харден ја  оштетил тетивата и по деталните прегледи и магнетната резонанца, беше констатирано дека ќе паузира околу 10 дена.

Нетси моментално се наоѓаат на второто место на истокот со скор од 35 победи и 16 порази.