Американскиот кошаркар Шон Клинпатрик, поранешен играч на Панатинаикос и повеќе НБА тимови е најновото засилување на Будуќност. Тој боите на црногорскиот тим ќе ги брани до крајот на оваа сезона.

Клинпатрик колеџ кошарка играше во Синсинати, а во НБА дојде преку развојниот тим на Голден Стејт. Во НБА ги носеше дресовите на Минесота, Денверм ,Милвоки и Бруклин каде што се покажа во најдобро светло. За Бруклин одигра 109 натпревари на кои просечно бележеше по 12 поени и 4 скока.

Тој во Европа го носеше дресот на грчки Панатинаикос со кого го освои националното првенство и куп. Ова е големо засилување за Будуќност, кои со Цедевита Олимпија го делат првото место на табелета во АБА лигата со скор од 6 победи и само еден пораз.