Претседателот на Кошаркарската Федедерација на Бугарија, Ѓорѓи Глушков ги потвди најавите дека постои идеја за формирање на новото натпреварување во кое ќе настапуваат клубови од Бугарија, Македонија, Србија и од Грција.

Предходно се заговараше за заедничка лига меѓу Македонија и Бугарија но сега приказната вклучува уште две земји.

Глушков најави дека преговорите се започнати со челниците кошаркарски федерации од соседните земји и дека на 15 ќе се преговара за изгледот на лигата и системот на натпреварување.

Состанокот е предвидено да се одржи со сите засегнати страни а темата е поврзана со вклопувањето на новото натпреварување и националните првенства.

Покрај АБА лигата и БИБЛ лигата, ова може да биде сериозен проблем за распоредот на натпревари, но ништо не е исклучено.