Некогашниот кошаркар на Реал Мадрид, Барселона и Басконија Гркот Јанис Бурусис се врати во шпанската лига и ќе го облече дресот на Гран Канарија кој според договорот ќе го носи една сезона.

По неколку сезони минати во кинеската Суперлига, ветеранот се врати во Шпанија.
35-годишниот Бурусис исто така настапуваше за Олимпијакос, АЕК и Панатинаикос, а во Италија го носеше дресот на Олимпија Милано.