Шпанскиот кошаркар Серхио Родригез попознат како Чачо во следните две сезони ќе го носи дресот на италијанскиот тим Олимпија Милано.

Родригез ја прифати понудата на Еторе Месина, кој пред неполн месец беше претставен како нов претседател и тренер на Олимпија Милано.

Популарниот Чачо минатата сезона настапуваше за руската ЦСКА Москва каде ја освои титулата во Евролигата.