Кога Демаркус „Буги“ Казинс од Универзитетот во Кентаки дојде во НБА-лигата, тој беше избран од Сакраменто Кингс и се чинеше дека има блескава кариера пред него.

Играше во многу лошата екипа на Кралевите и сите велеа дека неговите години опаѓаат, па замина во Њу Орлеанс Пеликанс и после тоа се здоби со тешка повреда на  Ахиловата тетива, по што следеа искинати предни вкрстени лигаменти.

По Пеликанс, тој играше за Голден Стејт Вориорс, а потоа беше член на Лос Анџелес Лејкерс, за оваа година  кратко време да биде дел од Хјустон Рокетс, а сега и официјално е член на Лос Анџелес Клиперс.

Клиперси неодамна потпишаа со Раџон Рондо и тоа е четвртиот тим во кој играат Рондо и Казинс заедно: Сакраменто, Њу Орлеанс, Лејкерс и сега Лос Анџелес Клиперс се екипите во кои двајцата играа заедно.

“Се обидов многу напорно да дојдам тука. Се чувствувам добро, моето тело е во многу добра состојба и се надевам дека повторно ќе обезбедам добри игри, бидејќи навистина чувствувам дека сум во добра форма.” изјави Казинс.