Српскиот гигант Црвена Звезда на денешната прес-конференција објави дека тимот останува без тренерот Драган Шакота на кого му е врачен отказ.
Оваа вест ја потврдија Шакота и претседателот на клубот Небојша Човиќ.
„ Шакота пристигна во тежок момент за клубот и ја прифати оваа работа, која некои други ја одбија. Направи одлична работа и му благодариме за тоа“- јасен беше Човиќ.
Шакота ја превзеде Звезда на почетокот од декември и дојде на местото на Милан Томиќ. Под негово водство „црвено-белите“ го поправија скорот во Евролигата, но целта за пласман меѓу најдобрите осум не ја доврши по пандемијата со Коронавирусот.
Comments are closed for this post.