Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда за новата сезона ќе има квалитетен тим, ќе настапува во Евролигата а денеска ги претстави трите нови засилувања.

Дерик и Лоренцо Браун како и Џејмс Гист се трите нови имиња на ростерот на регионалниот првак од Белград, интересное тоа што еден од нив е поранешен играч на Партизан.

Дерик Гист го носеше дресот на „црно-белите“, најголемиот ривал на Црвена Звезда, на претставувањето тој изјави:

„Сум бил во различни ситуации откако играм кошарка, сум играл на  дерби мечеви, Фенербахче против Галатасарај и Олимпијакос – Панатинаикос, сега ќе играм за Црвена Звезда во најголемот српско дерби, познат ми е притисокот и знам со што ќе се соочам“ – изјави Гист.

Гист за Партизан настапуваше во сезоната 2010/11.