Европскиот koшаркарски шампион ЦСКА Москва се раздели со францускиот кошаркар Нандо Де Коло, па сега ќе мора да бара соодветна замена за наредната сезона.

Руските медиуми објавија дека ЦСКА е пред потпис со играчот на актуелниот НБА шампион Торонто, Џереми Лин.

Доколку тој ја одбие понудата, алетрнатива ќе биде Американецот Рон Бекер кој е слободен агент.

Лин минатата сезона оствари просек од 9,6 поени и 3,1 асистенции по натревар.