Кошаркарската легенда, Дражен Далипагиќ смета дека АБА лигата е единствено вистинско решение за кошарката во регионот.

Од екипите во регионот единствено Црвена Звезда има квалитетен тим бидејќи игра во Евролигата, чест и на други екипи, но националните првенства се слаби , АБА лигата е вистиснко решение смета легендата Далипагиќ.

„Сметам дека АБА лигата и следната сезона ќе биде добра. За квалитетот е многу рано да зборуваме, националните првенства во екс Југославија се слаби, ова е убаво регионално решение. Единствено АБА лигата има квалитет  кој ќе донесе просперитет на кошарката во регионот, оваа лига им дава шанса на младите играчи и тоа е добро“ – изјави Далипагиќ.

Далипагиќ е легенда во регионот, со Југославија 1978 година беше прогласен за МВП на Мундијалот, беше најдобар играч и на Европското првенство во 1977 година.