Актуелниот шеф на стручниот штаб на ЖКК Вардар, и доскорешен асистент-тренер во нашата најдобра селекција, Александар Ашаданов, ќе ја предводи нашата женска сениорска репрезентација во наредниот циклус од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Словенија и Израел.

Ашаданов (32 години), ја добива довербата на стручниот им на нашата федерација да ја предводи најдобрата женска селекција низ натпреварите од групата „А“ во која нè очекуваaт шест натпревари против репрезентациите на Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.

Ашаданов треба да го продолжи континуитетот во работата на нашиот најдобар женски колектив, особено ако се земе в предвид дека во претходниот период тој беше оставен дел од стручниот штаб кој во изминатите квалификации го предводеше Владимир Ѓоровиќ.

Ашаданов важи за еден од најперспективните млади тренери во земјава. Во минатата сезона активно учествуваше во успесите на екипата на Баскет Кам 2011 со која ја освои двојната круна, првенството и Купот на Македонија.

Изборот за селектор е најголемиот предизвик со кој ќе се соочи во кариерата:

„Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки“– вели Ашаданов по именувањето на оваа висока тренерска функција во женскиот репрезентативен сегмент.

АЛЕКСАНДАР АШАДАНОВ

РОДЕН: 28.април, 1989 година – Кавадарци

ЕДУКАЦИЈА

Средно училиште „Добри Даскалов“ – Кавадарци

Факултет за Физичко образование, Спорт и здравје-Скопје

ФИБА тренерски сертификат

РАБОТНО ИСКУСТВО

МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

Селектор на женска сениорска репрезентација-2021

Асистент-тренер во женска сениорска репрезентација (2019-2021)

Асистент-тренер во женска селекција „Под 20“ години (2019)

Асистент-тренер во женска селекција „Под 16“ години (2018)

КЛУБОВИ

Актуелен шеф на стручен штаб на ЖКК „Вардар“ – Скопје

ЖКК „Баскет Кам 2011“ – Македонска Каменица (2021)

ЖКК „Вардар“ – Скопје (2017-2021)

Асистент-тренер во сениорски тим и прв тренер на селекција „Под 16“ години (2020/2021)

Асистент-тренер во сениорски тим и прв тренер на селекција „Под 14“ години (2019/2020)

Асистент-тренер во сениорски тим и прв тренер на селекција „Под 13“ и „Под 12“ години (2018/2019)

Асистент-тренер во сениорски тим-Втора лига-мажи и прв тренер на селекција „Под 15“ и „Под 12“  години (2017/2018)

Јуниор-Скопје (2010-2017)

Прв тренер на селекции „Под 11“ и „Под 14“ години (2016/2017)

Прв тренер на селекции „Под 12“ и „Под 14“ години (2015/2016)

Прв тренер на селекции „Под 12“ и „Под 13“ години (2014/2015)

Асистент-тренер на селекции „Под 14“ и „Под 16“ години (2012/2014)

Минибаскет (2010-2012)

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Шампион на Прва лига-жени со ЖКК „Баскет Кам“ – Македонска Каменица (2021)

Освојувач на Купот со ЖКК „Баскет Кам“ 2011-Македонска Каменица (2021)

Шампион на М13 лигата (2018/2019)

Шампион на М12 лигата (2018/2019)

Трето место на ЕП „Под 16“ години (2018)

Прво место во М12 лигата (2017/2018)

Трето место во М15 лигата (2017/2018)

Прво место во Втора лига-мажи, како асистент-тренер (2017/2018)

Трето место во М14 лигата, како асистент-тренер (2015/2016)

Второ место во М12 лигата, како асистент-тренер (2014/2015)

Прво место во М14 лигата-жени, како асистент-тренер (2012/2013)

Трето место во М16 лигата-жени, како асистент-тренер (2012/2013)