Македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски е МВП на македонското кошаркарско првенство, според изборот на специјализираниот кошаркарски веб-сајт „Евробаскет“.
Капитенот на МЗТ Скопје беше избран за играч на годината во Првата лига, како и за најдобар домашен кошаркар. За најдобар интернационалец е избран Ѓорѓе Џелетовиќ од Гостивар, кој ја понесе и наградата за најдобар центар во Првата лига на Македонија.
Наградата за најдобар тренер му припадна на тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, додека најобар дефанзивец е кошаркаркот на Работнички Марјан Младеновиќ.
Comments are closed for this post.