Македонскиот репрезентативец, Дамјан Стојановски потпиша нов договор на две години со МЗТ Скопје Аеродром.

Оваа вест ја потврдија од македонскиот првак.

„Стојановски, пак, се обврза да го носи сино-белиот дрес и во следните две сезони, со што би заокруж целата декада како играч на нашиот клуб, што дефинитивно ќе биде остварување за респект и за историјата. Зад Дамјан е можеби најдобрата сезона во кариерата и тоа со просек од 14,8 поени, четири скока и 1,6 асистенции на 22 средби во АБА2 и од 15,3 поени, 4,8 скока и 2,1 асистенции на 15 средби во домашната Прва лига. Тој досега се има закитено со пет шампионски титули (2013, 2014, 2015, 2016 и 2019 година) и шест трофеи во Купот на Македонија (2007, 2009, 2013, 2014, 2016 и 2018), а четири пати беше избран за најкорисен МВП-играч во финалните серии од домашното првенство.“ – објаснуваат од МЗТ Скопје Аеродром.

Предходно на нови договори се согласија и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.