Легендата на НБА тимот на Сан Антонио, Тим Данкан се врати во НБА како помошник тренер на тимот во екипата каде настапуваше долго време.

Четириесет и три годишниот Данкан помина 19 сезони во Сан Антонио и освои пет титули во НБА шампионатот со оваа екипа.

Сега тој влезе во штабот на легендарниот Грег Поповиќ, заедно со Вил Харди.Тим Данкан е најуспешниот играч на Сан Антонио во историјата на клубот, со 26.496 поени и 15.091 скокови во 1.392 натпревари.