Поранешниот тренер на кошаркарските клубови Вардар и на Карпош Соколи, како и помошникот тренер во А националниот тим, Борче Даскаловски ќе му биде асистент Емил Рајковиќ во тимот на Астана.

По одличната дебитантска сезона на клупата на казахстанскиот клуб, Емил Рајковиќ повлекува уште еден македонски стратег, и во новата сезона Даскаловски ќе му помага на македонскиот стратег кој е на кормилото на оваа екипа.