Италијанскиот кошаркарски репрезентативец Џиџо Датоме го продолжи договорот со турски Фенербахче и дресот на овој клуб ќе го носи до 2020 година.

На крајот од сезоната не се чекаше многу да биде продолжена соработката помеѓу кошаркарот и некогашниот европски шампион.

Датоме во редовите на Фенербахче пристигна во 2015 година.