Младите ветуваат дека ќе ја искористат понудената шанса

Дебитантите во еден глас: Добивме голема шанса, треба да ја искористиме

На паркетот во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ од првиот тренинг, а за првпат како дел од сениорскиот национален тим, се појавија Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Филип Бакоч и Виктор Ефремовски.

Во репрезентацијата повторно е и Кристијан Николов, кој уште во 2012 година во пресрет на предолимпискиот турнир во Венецуела, беше дел од сениорите.

Чувството е одлично. По доста години сум назад во репрезентацијата, би рекол, се вратив таму каде што припаѓам. Се надевам дека во овие квалификации се ќе биде како што треба, и дека ќе се пласираме на Евробаскетот“- вели Николов.

И со Естонија ќе ни биде тешко. Играат и се доста брзи. Но мислам дека имаме поквалитетен состав. Знам дека сите ќе дадеме максимум. Факт е дека подмладувањето ќе донесе и некои тешки денови. Но ќе работиме напорно и ќе се вратиме на европската сцена“.

Филип Бакоч е еден од оние кои за прв пат во кариерата го добија повикот од селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров.

„Чест е да се биде дел од овој тим. Сметам дека овие момци имаат квалитет да се изборат за пласман на Евробаскетот 2021. Претстои период на подготовки и се надевам дека со малку спортска среќа ќе постигнеме голем успех. Ова е голема шанса за нас, условно кажано, помладите играчи. И треба да ја искористиме. Благодарен сум на селекторот и стручниот штаб за оваа можност да бидам дел од националниот тим“– вели Бакоч.


Comments are closed for this post.

убедлива победа на наполи

ВИДЕО: Наполи и Елмас на врвот во Серија А , по триумфот против Удинезе

каталонците се во криза

ВИДЕО: Барселона едвај до бод против Гранада

предходно судеше во пониските лиги

Првиот странски судија во историјата на Премиер лигата