Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде осетно ослабена за претстојните квалификациски пресметки за пласман на Европското првенство против Италија и Естонија, откако „црвено – жолтите“ и дефинитивно останаа без услугите на Ненад Димитријевиќ.

Кошаркаската федерација на Македонија претпладнево соопшти дека кошаркарот на Хувентуд се уште не е доволно опоравен од прележаниот коронавирус.

Федерацијата наведе дека на барање на спортскиот директор на репрезентацијата Тодор Гечевски, во текот на вчерашниот ден Димитријевиќ беше детално прегледан на Клиниката „Жан Митрев“ и омплетирањето на медицинските резултати, препораката на докторите е дека Нено во овој момент не може максимално да тренира и да се натпреварува на највисоко ниво,

„По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките на медицинските лица кои ги реализираа, се дека дека во овој момент, тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува, и да одговори на барањата и пред сè, напорите кои со себе ги носат патувањето до Талин, тренинзите и одигрување на два натпревари во така краток временски период. Особено што, како што потенцираа докторите, Димитријевиќ се враќа по прележувањето на вирусот Covid-19,  а поради кој мораше да има дополнителен лекарски, односно болнички надзор во период од две недели“, изјави Гечевски