Предводена од генералниот секретар Вларимир Георгиевски, делегацијата на КФСМ е во Германија, Минхен во очекување на утрешната ждрепка за групите за следните ЕП во младинска конкуренција.

„Генералниот секретар Владимир Георгиевски, кординаторот за млади категории во нашата федерација, Мирко Ивановски и координаторот за организација на настани, Јане Петковски, од денеска се во Фрејзинг, место покрај Минхен, каде е закажано да се одржи ждрепката за натпреварувачките групи за наредните евро-шампионати во младинска конкуренција.

Освен ждрепката која е предвидено да се одржи на 10. декември (вторник), во периодот од 11. до 13. часот, нашата тричлена делегација ќе биде дел од дводневните„работнилници“ на ФИБА, предвидени за федерациите кои се во улога на организатори на овие настани во текот на наредното лето.

Како што е познато, нашата федерација доби уште едно признание од Меѓународната кошаркарска федерација, односно организација на Европското првенство од дивизијата „А“ во машка конкуренција, за кошаркари „под 16“ години.

Овој важен настан за нашата репрезентативна кошарка биде реализирано во периодот од 14. до 22.август во нашиот главен град – Скопје. “ – соопштија од КФСМ.