Тренерот на Црвена Звезда Драган Шакота остана во шок поради однесувањето на навивачите во текот на натпреварот со Олимпијакос што Звезда успеа да го добие 88:81.

Односно, навивачите на Црвена Звезда готово целиот натпревар упатуваа погрдни зборови кон својот плеј-мејкер Филип Човиќ. Плеј-мејкерот е на удар по поразот од Партизан каде што направи неколку радикални грешки што доведоа Звезда да загуби од својот најголем ривал.

При тоа неговиот татко Небојша е сопственник на клубот, со што се смета дека Филип има повластен статус во тимот.

Во 46 години кариера не сум видел вакво непочитување. Филип ни е важен и искусен плеј-мејкер кој го имаме. Не викам дека е најдобар, но она што го работи и како тренира дефинитивно не е за подценување – изјави Шакота.

Капитенот на Црвена Звезда, Бранко Лазиќ, истакна дека ова е последен натпревар неговиот тим да игра во вакви услови на што се сложи и американецот Чарлс Џенкинс.