Проблематичниот Родман кој беше дел од тимот на Чикаго Булс кој предводен од Мајкл Џордан доминираше во НБА лигата направи споредба за кошарката која се игра денеска со помош на квалитетот на играчите кои се активни во споредба со неговиот поранешен соиграч.

„Дебатата околу тоа кој е надобар кошаркар во историјата се води веќе некое време. Доколку Мајкл денеска играше, тој ќе постигнуваше по 50 поени во просек. Леброн е неверојатен играч и тука нема дилеми и тој заедно со Коби, Меџик и Карим се во топ изборот но Мајкл Џордан е на врвот. Не знам зошто има потреба да се дискутира за ова.“ – вели Родман.

Своевремено Родман заедно со Џордан освои три тотули во низа со Чикаго Булс во најсилната кошаркарска лига на светот.