Кошаркарскиот клуб Фенербахче досега потпиша со Нандо Де Коло и Лео Вестерман во пресрет на новата сезона, а сега e на добар пат е да го направи тоа со вториот пик на НБА драфтот од 2011 година, Дерик Вилијамс.

Според медиумите во Турција, искусниот кошаркар веќе потпишал договор на една година со тимот од Истанбул.

Вилијамс минатата сезона беше дел од германскиот Баерн Минхен каде во Евролигата имаше просек од 13,4 поени и 4,2 скокови по натпревар.