Полицијата на Род Исланд соопшти дека ученикот кој зеде автограм од заболениот центар на Јута, Руди Гобер, доби Коронавирус.

Според информацијата на Nbcsports.com, детето и Гобер имаа контакт на 6 март во Бостон, кога ученикот зеде автограм од Гобер.

Да потсетиме, Руди Гобер и Донован Митчел од Јута се првите кошаркари во НБА кои станаа носители на вирусот, поради кои и е прекинато првенството.