Ненад Димитријевиќ се приклучи на подготовките на нациионалниот копшаркарски тим за мечот со Естонија, прв во квалфикациите за ЕП 2021.

Македонската кошаркарска репрезентација сега е комплетна а младиот ас на Хувентуд смета дека не очекува тежок натпревар со Естонија.

„За нас почетокот е натпреварот со Естонија. Мислам дека тоа ќе биде доста тежок меч. Дека тоа е еден сериозен противник. Знаеме дека се една ‘ран ен-ган’ екипа. Но убеден сум дека ќе се подготвиме добро и во четврток навечер да бидеме, што се вели, на 100%“ – изјави Димитријевиќ.

Македонија и Естонија својата средба ја играат в четврток од 20-15 часот со пренос на Спортклуб.