Кошаркарската федерација на Македонија вечерва ги прогласи најдобрите изминатава сезона. Нагрдата за најдобар кошаркар оди во рацете на Ненад Димитријевиќ, најдобар тренер е Ѓорѓи Кочов, најдобар тим е МЗТ Скопје.

Димитријевиќ кој блеска кај Хувентуд е најдобар меѓу кошаркарите. Наградата е заслужеа ако земе в предвид фактот каква сезона има нашиот кошаркар во Шпанија.

Листа на наградени:

Ненад Димитријевиќ – најдобар кошаркар
Александра Стојановска – најдобра кошаркарка

Ѓорѓи Кочов (МЗТ) – најдобар тренер во машка конкуренција
Жаклина Стојановска (Вардар) – најдобар тренер во женска конкуренција
Емил Рајковиќ (Астана) – најдобар тренер во странство

МЗТ Скопје – најдобра екипа во машка конкуренција
ЖКК Вардар – најдобра екипа во женска конкуренција

Најдобра млада репрезентација: У16 (А-Дивизија)
Најдобра млада кошаркарка: Илина Селцова
Најдобар млад кошаркар: Андреј Јакимовски

Горан Крстевски (МЗТ) – најдобар тренер во младинска конкуренција (мажи)
Владимир Ѓоровиќ (Струга) – најдобар тренер во младинска конкуренција (жени)
МЗТ Скопје – најдобра младинска екипа (мажи)
Бадел – најдобра младинска екипа (жени)

Најдобар судија: Александар Милојевиќ