Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е пред потпис со Валенсија, пренесуваат медиумите од Шпанија.

Според последните информации плејмејкерот ќе прифати тригодишен договор со екипата која го следи повеќе од една година.

Хувентуд има договор со Димитриевски до јуни 2021 година но оштетата не е превисока и поради ова трансферот во Валенсија е повеќе од изгледен.

Димитријевиќ доколку прифати премин во Валенсија во следната сезона ќе игра во Евролигата.