Шпански Хувентуд за кој настапува македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ ја оправда фаворитската улога на мечот со Бреша во рамки на второто коло од Еврокупот.

Димитријевиќ помина повеќе од 15 минути на теренот, но реализираше само 2 поена и 1 асистенција, додека најефикасни во неговиот состав беа Препелиќ со 24 и Зисис со 13 поени. Бреша во првиот дел играше егал меч со Хувентуд, кој во вториот дел ја покажа разликата во квалитет и рутински стигнаа до победа.

По две кола, Хувентуд има победа и пораз, додека максимален учинок во групата има само Дарушафака.