Првиот тренер на европскиот кошаркарски шампион Димитрис Итудис е добитник на наградата „Александер Гомељски“ која се доделува за најдобар тренер во кошаркарската Евролига за сезоната 2018/2019,
Итудис наградата ја доби апсолутно заслужено откако ја одведе руската ЦСКА Москва до титулата во елитното европско натпреварување.
Грчкиот стратег е во ЦСКА од 2014 година, а оваа сезона стигна до втората европска титула во неговата кариера.
Ова воедно е и втора ваква награда за Итудис, кој првата ја освои во 2016 година.
Be the first to write a comment.