Димитрис Итудис го продолжи договорот со ЦСКА и ќе остане во Москва до 2023 година.

Итудис дојде во ЦСКА во 2014 година, а со него на клупата, московјаните ја освоија Евролигата во 2016 и 2019 година, додека пет пати беа најдобри во ВТБ-лигата.

“Голема чест е што клубот ми веруваше уште две години. Благодарен сум за оваа можност. Моја обврска е да го зачувам наследството на овој клуб. Ние секогаш напредуваме во оваа деловна активност, па мислам дека станав подобра личност и тренер. Сето тоа во соработка со раководството., играчите, стручниот штаб и вработените во клубот. Ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно “, изјави Итудис.

Со Итудис на клупата, ЦСКА забележа 375 победи на 455 натпревари, а Итудис стана странецот со најдолго искуство на клупата на московјаните.

ЦСКА ќе игра против Ефес на фајнл-фор турнирот, додека нивниот ривал Зенит е во полуфиналето од ВТБ-лигата.