Скопје е домаќин на Европското првенство за кошаркарки до 16 години. За тоа дали се е под контрола мала проверка направи извршниот директор на ФИБА, Камил Новак.

„Раководството на КФСМ – Претседателот Перо Антиќ, Генералниот секретар Владимир Георгиевски и Спортскиот директор Тодор Гечевски заедно со Камил Новак ги посетија спортските центри (VIP арена при СЦБТ и големата сала при СЦЈС) каде се одигруваат натпреварите од првенството, а заедно проследија и неколку натпревари кои беа на агендата на првиот натпреварувачки ден.“ – соопштија од КФСМ.

По посетата на Скопје, Новак ќе замине во Кина каде на крајот од овој месец започнува Мундијалот во кошарка.